УЕФА откри местење натпревари во српското фудбалско првенство

Од:

Фудбалската федерација на Србија потврди денеска дека во тек е истрага за можно местење на резултати на два натпревара во домашното првенство, по информации добиени од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

УЕФА доставила до ФСС обемен материјал, поткрепен со сериозни сомневања дека бил наместен исходот на два натпревара од тековната сезона во српското првенство.

– Точно е дека добивме одредени податоци од УЕФА во врска со можни нерегуларности кои укажуваат на тоа дека дошло до нарушување на интегритетот на некои натпревари. Процесот пред надлежните органи на ФСС е во тек. Во моментов не можеме да откриеме повеќе детали, а јавноста навремено ќе биде детално известена, изјави портпаролот на ФСС Милан Вуковиќ, цитиран од белградските медиуми.

Сомневањата за наместени натпревари во Србија се појавиле по сомнителни уплати на два натпревара во обложувалници во Европа и Азија.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година