УЕФА не го коментира предвременото прекинување на францускиот шампионат

Од:

УЕФА одби да ја коментира ситуацијата во Франција, каде фудбалските натпревари нема да бидат продолжени по одлука на владата поради пандемијата, пренесува руски „СпортЕкспрес“.

Во оваа ситуација, сè уште не е јасно што ќе се случи со ПСЖ и Олимпик Лион, кои продолжуваат да учествуваат во ЛШ.

ПСЖ стигна до четвртфиналето, откако ја елиминираше Борусија со вкупен резултат 3-2, а Лион на домашен терен победи против Јувентус со 1: 0), но реваншот од полуфиналето сè уште не е одржан.

УЕФА ги демантираше тврдењата пред „СпортЕкспрес“ дека 2 и 3 август е крајниот рок за завршување на првенствата и куповите за сезоната 2019/2020.

– Официјалната преписка на УЕФА не споменува никакви рокови, се вели во изјавата на централата за руската веб-страница.

Неодамна, разни извори пренесоа дека УЕФА го одредила 2 или 3 август како краен рок за завршување на домашните првенства и купови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он