УЕФА ќе решава за црвениот картон на Роналдо на 27 септември

Од:

Дисциплинската комисија на УЕФА ќе го разгледа случајот со црвениот картон на Кристијано Роналдо на седница на 27 септември.

Португалецот беше избркан во првото полувреме при победата на Јувентус со 2:0 синоќа над Валенсија во Лигата на Шампионите. Роналдо го фати за косата Џејсон Мурило од Валенсија и по консултација со арбитерот на гол линијата, главниот судија Феликс Брих му покажа црвен картон на мегаѕвездата.

За стореното, Роналдо сигурно ќе претрпи еден натпревар казна, но санкцијата може да биде зголемена до три натпревари по проценка на УЕФА.

Интересниот момент во случајот е дека ако биде зголемена казната на Роналдо, тој ќе го пропушти гостувањето против својот поранешен тим, Манчестер Јунајтед на 23 октомври.

Би можело да ве интересира

Роналдо Назарио да Лима – кандидат за претседател на Фудбалскиот сојуз на Бразил

А1он

Роналдо го постигна 915-от гол во кариерата и го предводеше Ал Наср до нова победа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: 906 гол на Роналдо

Роналдо премина една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Предраг Петровиќ

По болниот крај на сезоната, Роналдо ги полни батериите за европското на егзотична дестинација

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ