Европската фудбалска федерација отвори дисциплинска постапка по натпреварот од второто коло во квалификациите за ЕУРО 2020 меѓу националните тимови на Црна Гора и Англија (1:5).
Дисциплинската комисија на УЕФА ќе ги разгледа следниве инциденти: употреба на пиротехника, фрлање на странски предмети, расистичко однесување, немири, блокирање на скали. Случајот ќе биде разгледан од страна на контролната, етичка и дисциплинска канцеларија на 16 мај, објави организацијата.
За потсетување, играчите и тренерите на гостинската репрезентација тврдат дека Дени Роуз бил подложен на расистички навреди од навивачите на Црна Гора за време на натпреварот.
Во текот на натпреварот, на адреса на одбранбениот дефанзивец со темна боја на кожата беа упатувани навреди во вид на мајмунски звуци.