Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска излезе со соопштение во кое потврди дека Јувентус следната сезона нема да биде член на Конференциската лига.
Торинскиот клуб е казнет поради прекршување на правилата за финансиски фер-плеј.
Јувентус е казнет со 20 милиони евра, од кои 10 милиони се условни, доколку прекршокот се повтори во следните три сезони.