УЕФА ја казни Легија

Од:

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја казни Легија од Варшава со два натпревара играње пред празни трибини на својот стадион поради расистичко однесување на нејзините навивачи.

Легија доби и парична казна со 105 илјади евра. Санкциите кон полската екипа се изречени, откако нејзините навивачи на дуелот со Локерен во Белгија ги навредуваа домашните фудбалери на расна основа, а предизвикаа и инцидент со користење пиротехнички средства.

Натпреварот во Локерен на 28 ноември заврши со победа на домаќинот од 1:0.

Легија и претходно била казнувана поради навивачките нереди на натпреварот против Металист од Харков и истакнување на транспарент против УЕФА  на мечот со Актобе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он