УЕФА: Италијанскиот судија Даниеле Орсато ќе го суди натпреварот помеѓу Црвена звезда и Лајпциг

Од:

Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска соопшти дека италијанскиот судија Даниеле Орсато ќе го суди натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Црвена звезда и Лајпциг.

Италијанецот досега два пати им судел на „црвено-белите“. Првиот пат беше во 2018 година кога Звезда играше против Салцбург во првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите, додека вториот пат ја делеше правдата на натпреварот од Лигата на шампионите во 2019 година во Пиреа против Олимпијакос.

Најголемиот меч во неговата досегашна кариера е финалето од Лигата на шампионите во 2020 година помеѓу Баерн и ПСЖ, во кое славеше германскиот тим.

Би можело да ве интересира

УЕФА ги одреди термините за четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите

Кошаркарите на Црвена звезда поразени од Цедевита Олимпија во 22.коло од АБА лигата

Тежок пораз на Црвена звезда од Баерн Минхен: Баварците сурово се одмаздија

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Драконски казни за Партизан и Црвена звезда