УЕФА го казни Рамос за уште еден натпревар во ЛШ

Од:

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос беше казнет од УЕФА и ќе пропушти дополнителен натпревар за тоа дека намерно си доби жолт картон во првиот осминафинален натпревар од Лигата на Шампионите против Ајакс. Шпанскиот гигант победи во Амстердам со 2:1.

Од УЕФА почнаа истрага против Рамос и денес решија тој да биде казнет не со една, туку со две средби. Така Реал Мадрид ќе биде без еден од најважните фудбалери не само во реваншот со холандскиот тим на 5 март, но и во првата средба од четвртфиналето, под услов „лос бланкос“ да се квалификува за оваа фаза.

Рамос доби жолт картон во 89-тата минута од натпреварот Ајакс. Веднаш по мечот, дефанзивецот им изјави на новинарите дека „би лажел“, доколку негира дека намерно не добил картон. Подоцна, шпанскиот репрезентативец се обиде да појасни дека тој намерно гоизвршил само прекршокот, за да спречи израмнувачки гол на Ајакс.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година