УЕФА го истражува инцидентот во Сплит

Од:

На својата интернет страница УЕФА објави дека е отворена дисциплинска постапка против Хрватскиот фудбалски сојуз заради инцидентот на натпреварот меѓу Хрватска и Италија одигран петокот во Сплит.

Во соопштението од европската куќа на фудбалот се наведува дека дисциплинскиот оддел има сомнежи за расистичко однесување заради кукастиот крст што се гледаше на тревникот за време на ТВ преносот.

Со овој потег е нанесен голем удар за угледот на ХФС, а срамната слика ги преплави светските медиуми. Нема сомнеж дека по бројните осуди од сите страни ќе следува ригорозна казна од страна на УЕФА – изјавија претходно од врвот на ХФС.

На Хрватскиот фудбалски сојуз му се заканува голема финансиска казна од УЕФА, а на репрезентацијата одземање бодови или дури и суспензија, со оглед на тоа дека се работи за повеќекратно повторување на прекршоците.

Одлуката за казната на УЕФА ќе биде донесена на 16 јули.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он