УЕФА ги тера Украинците да си ги сменат дресовите, имале политичка и воинствена порака

Од:

УЕФА делумно ја прифати жалбата на Русија поднесена поради изгледот на новиот дрес со кој украинската фудбалска репрезентација ќе настапи на ЕУРО2020.

Украина од дресот ќе мора да го отстрани натписот „Слава на Украина, слава на јунаците“, откако УЕФА заклучи дека слоганот испраќа политичка порака и содржи историски и милитантен контекст.

– По детална анализа, натписот „Слава на нашите јунаци“ очигледно е од политичка природа и затоа треба да биде отстранет од натпреварите во организација на УЕФА, изјави портпаролот на Европската куќа на фудбалот.

Руските политичари го критикува спорниот натпис, наведувајќи дека таа парола за време на Втората светска војна ја користеле украинските националисти, кои се бореле на страна на нацистите против Советската армија.

Картата на која се наоѓа полуостровот Крим ќе остане на украинскиот дрес, бидејќи, како што истакна УЕФА, станува збор за меѓународно признати граници. Русија во 2014 година еднострано го припои Крим кон своjaта територија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украинците нападнаа пазар, има мртви и ранети

(ВИДЕО) Русите ги изненадија Украинците користејќи гасовод за да ги „протнат“ војниците

Баро: Путин сака да избегне мир

Москва: Покренавме голема офанзива во регионот Курск, во сите правци

Орбан: Злосторство е Унгарија да се откаже од својот став да остане надвор од војната во Украина

Горан Наумовски

Зеленски: Нападот на Добропилија во Доњецк покажува дека целите на Русија не се променети