УЕФА дава по 4,3 милиони евра на секоја федерација

Од:

Европската фудбалска унија (УЕФА) објави дека ќе издвои 236,5 милиони евра за да им помогне на земјите-членки за загуби предизвикани од коронарна пандемијата, односно по 4,3 милиони на секоја од 55-те членки на организацијата.

– Фудбалот се соочува со еден непредвидлив предизвик што ни го донесе коронавирусот. УЕФА сака да им помогне на своите членки да одговорат на овој предизвик на начинот на кој тие сметаат дека треба. Како резултат на тоа, решивме да исплатиме по 4,3 милиони евра на секое здружение до крајот на оваа и следната сезона, што ќе биде инвестиција со која националните федерации ќе можат да ја обноват фудбалската заедница во нивната земја, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Парите ќе бидат исплатени од Фондот за итни случаи „Хеттрик“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он