Убедлива победа на ЖРК Вардар над Митјиланд

Од:

Ракометарките на ЖРК Вардар ја остварија и третата победа во групата оваа сезона во Лигата на шампионите откако вечерва на гости го совладаа дански Митјиланд со 25:15 (12:11). Со овој триумф „вардарки“ останаа на првото место на табелата во групата.

До средината на првиот дел минамално водство имаше Митјиланд, а ЖРК Вардар потоа го презеде водството и на полувремето имаше гол предност (12:11). На стартот од вториот дел ЖРК Вардар одигра одлично во одбраната кога домашниот тим за 17 минути постигна само еден гол и македонскиот шампион водеше со 20:12.

Андреа Лекиќ со шест голови беше најефикасна на натпреварот, Ања Алтхаус постигна 4 голови, а Сара Ристовска и Барбара Лазовиќ по три. Одлична на голот беше Амадин Лејно која имаше 19 одбрани.

На вториот дуел од групата Ѓер го совлада Хипо со 37:16.

На чело на табелата е ЖРК Вардар со 6 бодови, колку што има и Ѓер, Митјиланд остана со 4, а без бод е Хипо.

Во следното коло ЖРК Вардар гостува на унгарски Ѓер на 14 ноември.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он