Убедлива победа на Вардар против Борац во дуел од СЕХА лигата

Од:

Македонскиот вицепрвак Вардар очекувано славеше победа во дуелот против Борац од Бања Лука во натпревар од регионалната ракометна СЕХА лига.

Вардарци синоќа пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“ ја потврдија улогата на фаворити во натпреварот против босанскиот претставник Борац, кој го совладаа со 31:26.

Најефикасен кај црвено-црните беше Стефан Терзиќ со 8 голови, додека Сергеј Горбок и Данил Шишкарев постигна по 6 гола.

Покрај овој натпревар, вчера се одиграа и дуелите: Татран Прешов – ППД Загреб 24:23 и Нексе – Мешков Брест 25:28.

Табела: Вестпрем 30 бодови (10 одиграни натпревари), Вардар 27 (11), ППД Загреб 24 (12), Мешков Брест 21 (9), Татран Прешов 21 (11), Металург 11 (8)…

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он