Убедлив триумф на Вардар против Победа

Од:

Фудбалерите на Вардар забележаа убедлив триумф против прилепска Победа, а Силекс со два гола во деведесеттата минута ја совлада Брегалница.

На средбата од 30.коло во Првата македонска фудбалска лига одиграна попладнево на арената „Филип Втори“ во Скопје, Вардар ја совлада Победа со 4:0. Стрелци на головите за актуелниот шампион и лидер на табелата беа: Фелипе (26.минута), Дејан Блажевски (41), Јамбули Јигаури (69) и Дамир Којашевиќ (87).

Најинтересниот натпревар беше одигран во Кратово. Силекс иако водеше со 1:0 уште во 12.минута со голот на Игор Филиповиќ, до трите бодови против Брегалница стигна во деведесеттата минута. Во вториот дел со погодоците на Бобан Георгиев (68.минута) и Ристе Наумов (79) штипска Брегалница направи пресврт и поведе со 2:1. Но, домаќините не се предадоа па со головите во последната минута на Глигор Глигоров, а потоа и Дарко Додев, Силекс се радуваше на победа со 3:2.

Предноста на домашниот терен ја искористи и Пелистер кој во Битола, ја совлада Македонија Ѓорче Петров со 3:1.

Останатите две средби Ренова – Работнички и Шкупи – Шкендија завршија со идентичен резултат 1:1.

Табела: Вардар 71 бодови, Шкендија 59, Работнички 48, Пелистер 44, Ренова 42, Силекс 39, Шкупи 33, Победа 26, Брегалница 20, Македонија ЃП 19.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он