ТвинАер Турбо моторот на Фиат „Најдобар зелен мотор за 2013 година“

Од:

Новиот 0,9 литарски ТвинАер Турбо мотор на Фиат е добитник на наградата „Најдобар зелен мотор за 2013 година“.

Станува збор за една од 12-те категории на познатата традиционална манифестација на доделување Награди за мотор на годината.

ТвинАер Турбо моторот на пазарот премиерно се појави во новата Фиат Панда. Овој мотор со два цилиндри ги комбинира еколошките придобивки на метанот со перформансите што ги обезбедува Турбо ТвинАер технологијата. Во прилог на тоа оди и неговата моќност од 80 коњски сили.

Потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови се значително намалени. Новата Фиат Панда ТвинАер Турбо Нејчрл Пауер емитува 86 грама штетни гасови на километар, што спаѓа во најниското ниво на пазарот, при што користи само 3,1 килограм метан на 100 километри со комбиниран режим на возење.

Моментално новиот 0,9 ТвинАер Турбо Нејчрл Пауер се наоѓа во понудата на моделите Панда и 500Л, како и на моделите Ланчиа Ипсилон ЕкоЧик.

Од 1997 година досега Фиат има продадено над 560.000 Нејчрл Пауер патнички и комерцијални возила што како погон користат метан, односно компримиран природен гас.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on