Тужба за семејно насилство поднесена против Џабар Бирд, кошаркарот на Бостон

Од:

Против кошаркарот на Бостон Селтикс, Џабар Бирд, е поднесена тужба за домашно насилство, откако викендов беше приведен за напад на неговата девојка.

Тој е обвинет дека ја нападнал, давел и киднапирал девојката во период од четири часа.

Кошаркарот на сослушувањето пред судот изјави дека не се чувствува виновен.

– Нашите мисли се со жртвата на овој инцидент. Клубот ја осудува секоја форма на насилство и вознемирени сме поради случајот со Џабар Бирд. Ќе соработуваме со сите надлежни за овој случај и дотогаш нема да даваме коментари за оваа тема, стои во соопштението од Бостон Селтикс.

Судот на Бирд му одреди кауција од 50.000 долари, а ако се докаже дека е виновен за сериозните обвиненија тој најверојатно нема да може да ја продолжи кариерата во НБА лигата.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот