Тужба против BMW за индустриска шпионажа во Франција

Од:

Од „Фигаро“ се обратиле до компанијата „Бе-Ем-Ве Франс“, која призна дека техничарите извршиле „тестови на компатибилност“ на електричните автомобили, но ги отфрли обвинувањата за шпионажа.

Француската индустриска група „Болоре“, преку својата филијала „Аутолиб“, поднесе тужба против германскиот автомобилски гигнат БМВ за индустриска шпионажа.

„Аутолиб“ раководи со паркот на електрични автомобили за изнајмување во Париз. Како што објави порталот Фигаро.фр, двајца германски државјани на 5 септември дошле на станиците каде што се полнат и одржуваат електричните автомобили на „Болоре“ и се претставиле како вработени задолжени за нивно одржување.

Но, тие биле вработени во германското претпријатие „П-3 Груп“, кое е ангажирано од БМВ околу изработката на нејзиниот електричен автомобил „и3“.

Вработените задолжени за прием на клиентите, на 21 август на станица на „Аутолиб“ во Париз, забележале лица со информатички материјал во нивниот автомобил, како се интерсираат за станиците за полнење на автомобилите. Истата сцена се повторила и на друга станица, каде што дцајцата осмничени за индустриска шпионажа објасниле дека вршат рутински контроли, по што исчезнале.

Од „Фигаро“ се обратиле до компанијата „БМВ Франс“, која призна дека техничарите извршиле „тестови на компатибилност“ на електричните автомобили, но ги отфрли обвинувањата за шпионажа. БМВ тврди дека техничарите на „П-3 Груп“ на денот на апсењето не работеле по нивна нарачка, туку по нарачка на друг автомобилски конструктор.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска