Туре: На ФИФА му се потребни луѓе кои ќе му дадат внимание на прашањето со расизмот

Од:

Фудбалерот од Брегот на Слоновата коска, Јаја Туре, упати замерка до Светската фудбалска федерација со третирањето на проблемот со расизмот на стадионите.

– Мора да има решение. На ФИФА им се потребни луѓе кои ќе внимаваат на ова прашање. Мислам дека сега, при такви инциденти, играчите само треба да го напуштат теренот. Ова ќе биде сигнал за ФИФА и УЕФА, кои ќе сфатат дека овие играчи се важни.

Јас навистина би сакал да ја видев Англија како го напушта теренот во натпреварот со Бугарија. Би бил среќен. Ние мора да имаме луѓе кои ќе сторат сè како што треба. Можеме да одиме на телевизија и да разговараме за тоа, но тоа не значи дека луѓето на високи позиции во фудбалот ќе реагираат, истакна Туре.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи