Турција – полуфиналист на Европскиот шампионат за одбојкарки

Од:

Одбојкарките на Турција се последните кои се пласираа на Европското првенство чија завршница се игра во Баку, Азербејџан.

Во последниот меч од четвртфиналната рунда Турција ја победи селекцијата на Русија со 3:0 по сетови 27-25, 25-18 и 25-20.

Со оваа победа Турчинките се изборија за место во „големата четворка“ која ќе разигрува за медалите.

Тие во полуфиналето за противник ќе ја имаат селекцијата на Србија, додека во другиот полуфинален меч ќе играат Холандија и домашната селекција на Азербејџан која попладнево во четвртфиналето со 3-0 ја победи Германија.

Полуфиналните мечеви на програмата се утре, а во недела ќе се играат дуелите за медал.

Би можело да ве интересира

Почина 15-годишна одбојкарка – се онесвести на загревање, а брзата помош не се ни појави

А1он

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ