Турција и Доминиканска Република почнаа со победа врз Јапонија, односно Јордан, во првото коло од Светското кошаркарско првенство во Кина.
Турција со резултат 86:67 ја порази Јапонија, а победата ја обезбеди уште во првата четвртина со 16 разлика, односно 28:12, а Јапонците немаа сила да направат пресврт. Најефикасен кај Турција беше Мелих Махмутоглу со 17 поени, а кај Јапонија Хачимура и Фазекај со по 15 поени.
Натпреварот меѓу Доминиканска Република и Јордан беше понеизвесен, сепак Доминиканците ја искористија улогата на фаворит па го совладаа Јордан со 80-76.
Најефикасен кај Доминиканска Република беше Виктор Лиз со 15 поени, а кај Јорданците Ди Дваирија постигна 34 поени.