Тројка на Крис Бош за триумф на Мајами

Од:

Во отсуство на Леброн Џејмс и на Двејн Вејд (поради повреди), Крис Бош го реши победникот на дуелот против Сан Антонио на гостински терен. Бош погоди тројка на 1.1 секунда до крајот и на Мајами му донесе победа од 88:86.

Инаку, Бош беше и најефикасен со 23 поени и 9 скокови. Во тимот на Сан Антонио во последните три напади нуту Тим Данкан, ниту Тони Паркер не се запишаа во листата на стрелците.

Резултати на другите ноќешни НБА дуели: Вашингтон – Торонто 109:92, Њу Орлеанс – Кливленд 112:92, Чикаго – Детроит 95:94 и Њујорк – Бостон 108:89.

Двојки за вечерва: Торонто – Детроит, Атланта – Кливленд, Милвоки – Шарлот, Мемфис – Сан Антонио, Хјустон – Орландо, Минесота – Бостон, Јута – Портланд и Лос Анџелес Клиперс – Индијана.

Пласман Источна конференција: Мајами 58-15 (победи-порази), Њујорк 46-26, Индијана 47-27, Бруклин 42-31, Чикаго 40-32, Атланта 41-33, Бостон 38-35, Милвоки 35-37,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 55-18, Оклахома Сити 54-20, Денвер 50-24, Лос Анџелес Клиперс 49-25, Мемфис 49-24, Голден Стејт 42-32, Хјустон 40-33, Јута 38-36, Лос Анџелес Лејкерс 38-36,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ