Трофејот од Супер купот пристигна во Скопје

Од:

На 8 август 2017 година Скопје ќе биде домаќин на големиот фудбалски настан – Супер купот на УЕФА, натпревар на кој во македонската престолнина ќе се сретнат двете најдобри екипи во Европа. Во насока на популаризација на овој настан трофејот од купот викендов ќе биде изложен во Скопје.

Трофејот од Супер купот в сабота во периодот од 9 до 18 часот ќе биде изложен на платото пред „Куќа на фудбалот“ на специјално брендирана поставка и ангажиран официјален фотограф за фотографирање на присутните љубители на фудбалот, децата и екипите учесници во Детската лига на ФФМ.

– Жителите на нашата држава ќе имаат можност да уживаат во уникатна авантура – „сите Македонци да бидат дел од срцето на настанот“ преку изложувањето на УЕФА СУПЕР КУП трофејот, вели Илчо Ѓорѓиоски, претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Изложувањето на трофејот е уникатна шанса за јавноста во Македонија да застане блиску до трофејот и да се персонализира со големиот СУПЕР КУП трофеј на УЕФА. Ѕвездената моќ на УЕФА СУПЕР КУП трофејот веруваме дека ќе привлече страствени љубители на фудбалот и општата јавност каде и да се изложува големиот трофеј, од централните градски плоштади до големите трговски центри, соопштуваат од ФФМ.

Премиерно, УЕФА СУПЕР КУП трофејот ќе биде претставен на Грассроот настанот во организација на ФФМ, односно почетокот на пролетната полусезона во Детската ФФМ лига.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски