Во чест на жртвите на маратонот во Бостон, денеска ќе биде организирана трка, која во 18 часот ќе почне кај кафеаната „Жабар“ и ќе заврши до мостот кај хотелот „Александар палас“.
Организаторот „Трчаме заедно“ ги повикува сите професионални и рекреативни тркачи да учествуваат во трчањето по кејот на Вардар во Скопје и на тој начин да изразат сочувство.
– Оваа трка, исто така, има цел да прати апел до сите надлежни институции да преземат соодветни мерки за безбедност на сите спортски натпревари и настани за да се спречат вакви трагедии, соопшти организаторот.