Бранителот на титулата од светското првенство во снукер 37-годишниот Англичанец, Рони О’Саливен успешно го тргна походот во одбраната на истата.
Тој релативно лесно со 10:4 го совлада Маркус Кембел во Крусибл Театарот. По првата сесија имаше водство од 7:2 и во продолжението поведе лесно со 9:2 со два фрејма од 102 и 90. Потоа му препушти два фрејма на противникот за да го освои клучниот фреим и по 18-ти пат да се пласира во втората рунда од светското првенство.
Светски шампиони од 2000 до сега:
Mark Williams – 2000, 2003
Ronnie O’Sullivan – 2001, 2004, 2008, 2012
Peter Ebdon – 2002
Shaun Murphy – 2005
Graeme Dott – 2006
John Higgins – 2007, 2009, 2011
Neil Robertson – 2010