Започнува светското снукер првенство

Од:

Најпрестижното натпреварување во снукер ќе се одржи во Шефилд од 16 април до 2 мај

Добродојдовте во Крусибал! Најдобрите снукераши од целиот свет на едно место, за на гледачите на Еуроспорт им го пружат највозбудливото снукер искуство. Натпреварувањето за освојување на светската титула ќе трае цели 17 дена, а сите турнири ќе се пренесуваат во живо на Еуроспорт 1 и 2.

Театарот Крусибал е домаќин на Светското првенство во снукер од 1977 година, но самиот турнир е многу постар и се одиграл во далечната 1927 година. Џо Дејвис останува првак со најмногу титули (15 освоени од 1927 до 1946), додека Англија е држава со најмногу трофеи (51).

Освојувајќи 7 титули од 1990 до 1999, Стивен Хендри стана првиот идол на модерната генерација, генерација која своето внимание подоцна го насочува кон Рони О`Саливан кој веќе пет пати слави во Крусибал.

Паричниот фонд за ова првенство изнесува преку 1.5 милиони фунти, а победникот освојува награда од 330.000 фунти.

Стуард Бингам е носителот на титулата од 2015 кога во финалето го победи Шон Марфи (18-15). Турнирот го започна како десетти на ранг листата, а потоа оствари победи и над О’Саливен (13-9) и во полуфиналето против Џад Трамп (17-16).

Во моментов најдобрите играчи веќе се упатуваат кон Шефилд, а Еуроспорт ќе го прикаже најдоброто од снукерот одиграно од Рони О’Саливен, Џад Трамп, Нил Робертсон, Шон Марфи, Марк Селби и Марк Ален.

Преносот започнува од сабота, 16 април во 11 часот на Еуроспорт 2, а од 20 часот преносот се сели на Еуроспорт 1.

Врвот на натпреварувањето ќе биде на 1 и 2 мај кога ќе го проследиме големото шефилдско финале од 15 часот и 20 часот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жена им побегна на обезбедувањето на снукер натпревар, О’Саливан ѝ дозволи да го направи завршниот удар

Наум Локоски

Најџел Бонд: Снукерот во Македонија има сериозен потенцијал

Ана Ололовска

Професионалниот снукер играч Најџел Бонд доаѓа во Македонија

Ана Ололовска

Поразен светскиот шампион на стартот

Емир Латифовиќ

О’Саливен славеше со 10:1 над Хокинс за 7-ма мастерс титула

Емир Латифовиќ

Стјуарт Бингам е светски шампион во снукер

Емир Латифовиќ