Словачката скијачка Петра Влхова триумфираше денеска на слаломот во шведскиот центар Оре и го презеде лидерското место во генералниот пласман во Светскиот куп.
Влхова стигна до двојата 20 победа во кариерата и 15 во трките во слалом, со време од 1:45:16 минути. Второто место го освои Австријката Катарина Линсбергер, која зад победничката заостана 20 стотинки, додека Америанката Микаела Шифрин заврши како третопласирана со заостанување од 64 стотинки.
Влхова сега води во генералниот пласман во Светскиот куп со 1.320 бодови, пред Лара Гут Бехрами со 1.256 и Мишел Гисин со 1.005 бодови, и двете од Швајцарија.
Во поредокот во слалом, на две трки до крајот на сезоната, Влхова води со 580 бодови, пред Шифрин со 495 и Линсбергер со 490 бодови.