Триумф на Македонија над Еременија во Дејвис купот

Од:

Тениската репрезентација на Македонија со победа над Ерменија ги почна натпреварите во рамките на Третата Европска зона од Дејвис купот што се игра во Талин, Естонија.

Во двата меча во поединечна конкуренција Македонија забележа победи и води со 2:0 и со без разлика на исходот во мечот во двојки оствари триумф над Ерменија.

Во првиот меч Димитар Грабул го совлада Микаел Качатријан со 6:4 и 6:0 во сетови, додека во вториот меч Томислав Јотовски беше поуспешен од Микаел Аветисјан со 6:4 и 6:2 во сетови.

Во конкуренција на двојки треба да играат Грабул и Јотовски против Аветисјан и Хенрик Никогсјан.

Во вториот дуел од групата Б во која игра Македонија, Република Ирска води против Албанија со 2:0.

Утре во рамките од 2.коло Македонија ќе игра против Албанија.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ