Триумф на Мајами по две продолженија

Од:

Екипите на Мајами и на Феникс на ноќеска одиграните дуели во НБА лигата остварија победи по продолженија.

Шампионот Мајами по две продолженија го „скрши“ отпорот на Сакраменто и ја постигна 12.та победа во низа.

Леброн Џејмс на дуелот постигна за него рекордни оваа сезона 40 поени, и исто така рекордни 16 асистенции, а одлично го „следеше“ и Двејн Вејд кој заврши со 39 поени.

Победа по продолжение оствари и Феникс во натпреварот со Минесота.

Резултати на ноќешните натпревари: Филаделфија -Орландо 84:98, Индијана – Голден Стејт 108:97, Мајами – Сакраменто 141:129 (две продолженија), Чикаго – Кливленд 98:101, Њу Орлеанс – Бруклин 97:101, Далас – Милвоки 90:95, Феникс – Минесота 84:83 (продолжение) и Лос Анџелес Клиперс – Шарлот 106:84.

Двојки за вечерва: Орландо – Сакраменто, Кливленд – Торонто, Вашингон – Детроит, Њујорк – Голден Стејт, Мемфис – Далас, Хјустон – Милвоки, Оклахома Сити – Њу Орлеанс, Сан Антонио – Феникс, Јута – Атланта и Портланд – Денвер.

Пласман Источна конференција: Мајами 41-14 (победи-порази), Индијана 36-21, Њујорк 33-20, Атланта 32-23, Чикаго 32-25,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 45-13, Оклахома Сити 41-15, Лос Анџелес Клиперс 41-18, Мемфис 37-18, Денвер 36-22,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ