Триумф на Јансурд на Супер-Г

Од:

Норвешкиот скијач Кјетил Јансурд беше најбрз на денешната трка во Супервелеслалом возена во Вал Гардена во рамките на Светскиот куп.

Денешната, беше четврта победа за актуелниот олимписки шампион во оваа дисциплина од почетокот на сезоната и седма во неговата кариера.

Норвешкиот скијач трката ја заврши со време 1:33,87 минути, или 46 стотинки предност во однос на домашниот натпреварувач, Италијанецот Доминик Париз.

Трето место го освои Австриецот Ханес Рајхелт со 54 стотинки побавно време зад победникот.

Јансурд кој покрај златниот медал во супер-џи на Олимписките игри во Сочи го освои и бронзениот медал во спуст, ја зголеми предноста во вкупниот пласман на Светскиот куп за 152 поени, пред Австриецот Марсел Хиршер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ