Во рамките на второто коло од ракометната Лига на шампионите синоќа се одигра еден натпревар од Д групата во кој Динамо Букурешт на домашен терен го совлада Мотор Запорожје со 35:31 (15:13). Најефикасни на дуелот со по 8 голови беа Јаков Вранковиќ (Динамо) и Игор Сокора (Мотор).
Во средата Рајн Некар Ловен со 31:30 го совлада Цеље.
Македонските екипи Вардар и Металург дуелите од второто коло ги играат утре. Вардар е домаќин на Мешков Брест (почеток 17:30 часот), додека Металург гостува кај Татран Прешов (почеток 15 часот).
Распоред на натпревари од 2.коло:
А група: Веспрем – Кадетен Шафхаузен, Барселона – Кил, Силкеборг – Флензбург, ПСЖ – Висла.
Б група: Вардар – Мешков Брест (сабота), Киелце – Кристијанштад, РНЛ – Цеље 31:30.
Ц група: Татран Прешов – Металург (сабота), Ла Риоха – Монпеље, Елверум – Чеховски Медведи.
Д група: Динамо Букурешт – Мотор 35:31, Брага – Холстебро, Нант – Бешикташ.