Трипл-дабл со 60 поени, историски натпревар за Лука Дончиќ

Од:

Лука Дончиќ влезе во историјата на НБА во неверојатната победа на Далас против Њујорк Никс 126:121. Словенецот стана првиот играч со 60 поени и над 20 скока (21) на еден натпревар. Тој го собори рекордот на франшизата по број на поени и со 10 успешни додавања стигна до седмиот трипл дабл сезонава.
Далас успеа да го победи Њујорк и покрај тоа што губеа со 112:103 на 33 секунди до крајот. На волшебен начин останаа во мечот, со тројките на Крис Вуд и Спенсер Динвиди. На четири секунди до крајот беше 115:112 за Никс. Гостите решија да направат прекршок врз Дончиќ.

Лука го погоди првото фрлање, а второто намерно го промаши. Ја фати топката и потоа поентираше на една секунда до крајот и го одведе мечот во продолжение.

Немаше голема драма во дополнителните пет минути и Далас без многу мака стигна до неверојатен триумф. Дончиќ со оваа своја партија (21/31 шут од игра, 2/6 тројки, 16/22 слободни фрлања) уште еднаш ја истакна кандидатурата за МВП на сезонава.

Од друга страна актуелниот МВП, Никола Јокиќ остана на чекор до трипл-дабл. Со 20 поени, девет скока и 14 асистенции тој го предводеше Денвер до победа во Сакраменто 113:106. Денвер славеа против Кинг и покрај тоа што во втората четвртина имаа минус од 20 поени (44:24).

Денвер со 22 победи и 11 порази се лидери во Западната конференција.

Резултати:

Орландо – ЛА Лејкерс 110:129
Вашингтон – Филаделфија 116:111
Бостон – Хјустон 126:102
Индијана – Атланта 129:114
Торонто – ЛА Клиперс 113:124
Мемфис – Феникс 108:125
Оклахома – Сан Антонио 130:114
Голден стејт – Шарлот 110:105+

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Далас ќе им ги враќа парите на шокираните навивачи по заминувањето на Лука Дончиќ

А1он

Лука Дончиќ се сели во ЛА Лејкерс

А1он

Лука Дончиќ е засега најновата жртва на софистицирани криминалци

(ВИДЕО) Хитот на српската фолкерка во рекламата на Мајкл Џордан: Лука Дончиќ е виновен за се

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ново чудо на Дончиќ, Далас води со 2-0 во финалето на Западната конференција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Дончиќ ја одигра партијата на кариерата, постигна 73 поени