Триатлон првенството „Дојран 2014“ денеска ќе се одржи во Стар Дојран. Во женска и машка конкуренција учесниците ќе се натпреваруваат во дисциплините пливање, велосипедизам и трчање на патеки што ќе бидат приспособени според возрасните граници и можности на учесниците.
Патеките за дисциплините велосипедизам и трчање ќе се трасираат по патот од Стар Дојран кон граничниот премин со Грција за велосипедистите, а за тркачите на кејот покрај Дојранското Езеро.
Право на учество на првенството во Стар Дојран имаат сите регистрирани спортисти во Триатлон федерацијата на Македонија, кои мора да бидат осигурани и лекарски прегледани.