Три пехари за каратистите од Кавадарци на меѓународен натпревар во Скопје

Од:

Три пехари и 10 златни, 12 сребрени и 13 бронзени медали освоија каратистите на карате клубот „Урбан инвест“ од Кавадарци на меѓународниот натпревар „Фунакоши опен“, кој вчера се одржа во спортската сала на основното училиште „Круме Кепески“ во Скопје.

Тренерот на карате клубот Ивана Аврамова денеска информира дека учествувале 361 натпреварувач од 44 клубови од Македонија, Србија и Косово.

– Ние се натпреварувавме со 31 каратист. Освоивме три пехари. Прво место во генералниот пласман на натпреварот, Владанка Аврамова беше прогласена за најдобра натпреварувачка во кати, а ката тимот во состав Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова и Миа Маневска беше прогласен за најдобар, изјави Аврамова.

Таа нагласи дека ќе продолжат напорно да тренираат со цел постигнување нови успеси и промоција на каратето. 

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје