Три натпревари од третото коло од женската ракометна Лига на шампионите ќе се одиграат вечерва, а македонскиот шампион ЖРК Вардар својот дуел од оваа рунда ќе го игра во недела. „Вардарки“ гостуваат во Копривница (Хрватска) кај екипата на Подравка.
Вечерва се играат натпреварите: Лајпциг – Хипо (А група), Савехоф – Локомотива Загреб (Ц група) и Баја Маре – Ларвик (Д група).
Утре на програмата е само едн натпревар: Динамо Синара – Крим (А група), додека в недела на програмата се дуелите: Подравка – Вардар, Турингер – Будуќност (Б група), Виборг – Ѓер (Ц група) и Лублин – Мец (Д група).
Табела А група: Динамо Синара 3 бодови, Крим 2, Лајпциг 2, Хипо 1.
Табела Б група: Будуќност 4, Турингер 2, Вардар 2, Подравка 0.
Табела Ц група: Ѓер 4, Виборг 4, Локомотива 0, Савехоф 0.
Табела Д група: Ларвик 4, Мец 2, Баја Маре 2, Лублин 0.