Три натпревари од 3. коло од женската ракометна Лига на шампионите

Од:

Со трите натпревари кои се играат вечерва, стартува 3. коло од женската ракометна Лига на шампионите.

Во Љубљана кај Крим гостува норвешки Ларвик, додека романската екипа Баја Маре ја пречекува руската екипа Ростов Дон. И двата дуела се од групата А.

Полски Лублин во рамките на Д групата е домаќин на шведски Савехоф.

Македонскиот шампион ЖРК Вардар во недела во СЦ „Јане Сандански“ ја пречекува данската екипа Митјиланд, која е лидер во групата Ц.

Двојки од 3.коло:

А група: Крим – Ларвик и Баја Маре – Ростов Дон.

Табела: Ростов Дон 4 бодови, Баја Маре 2, Ларвик 2, Крим 0.

Б група: Турингер – ФТЦ и Подравка – Флери.

Табела: ФТЦ 3, Турингер 3, Флери 2, Подравка 0.

Ц група: ЖРК Вардар – Митјиланд и Хипо – Ѓер.

Табела: Митјиланд 4, ЖРК Вардар 2, Ѓер 2, Хипо 0.

Д група: Лублин – Савехоф и Букурешт – Будуќност.

Табела: Букурешт 4, Будуќност 4, Лублин 0, Савехоф 0.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска