Македонскиот национален тим освои три медали, од кои еден сребрен и два бронзени на Европското првенство во карате фудокан во Краков, Полска.
Во сениорска конкуренција второ место во кати освои Дејан Недев.
Бронзени медали освоија Јадранка Недева во сениорска конкуренција дисциплина – фукуго.
За Македонија бронзен медал во јуниорска конкуренција обезбедија Огнен Тасевски и Берта Милевска во дисциплината енбу мешани двојки.
На ова натпреварување учествуваа преку 1.500 каратисти од 38 земји.