На Европскиот куп во кик бокс „Србија опен“, македонските претставници постигнаа голем успех освојувајки три медали во конкуренција на преку 100 натпреварувачи од пет држави: Македонија, Словенија, Унгарија, Р.Српска и домаќинот Србија.
Златен медал освои Димитар Ѓеоргиев во категоријата -79 кг. кик лајт кој убедливо ги извојува победите над Марко Гавриловиќ од Србија и Марјан Болхар од Словенија.
Сребрени медали освоија Ненад Манојловски во категоријата -69 кг. кик лајт со победата над Дарко Стевановиќ од Србија и Далибор Огненов во категоријата -75 кг. К1.
Огненов убедливо го победи Александар Бојиќ од Србија, а поради повреда на коленото и по консултација со докторот на репрезентацијата не настапи во финалето.