Фудбалерот на кинескиот тим Гонжу, Жозе Паулињо оствари „хет-трик“ во победата на Бразил против големиот ривал Уругвај.
На дуелот од јужноамериканските квалификации за Светското првенство во Русија, одигран ноќеска во Монтевидео, репрезентацијата на Бразил го победи Уругвај со 4:1.
Домаќините поведоа уште во 9. минута со голот на Едисон Кавани од пенал.
Потоа на сцена настапи Паулињо, кој само десет минути подоцна го израмни резултатот, а со својот втор гол во 52. минута му донесе предност на Бразил.
Предноста ја зголеми Нејмар со голот во 72. минута, а Паулињо со третиот свој гол на мечот во последната минута (90+2) го постави конечните Уругвај – Бразил 4:1.
Со оваа победа „Кариоките“ се зацврстија на врвот на табелата со 7 бодови повеќе од синоќешниот противник Уругвај, односно осум повеќе од трето пласираната Аргентина.