Екипата на Голден Стејт трета сезона во низа ќе игра во големото финалето на НБА лигата. „Воините“ ноќеска во натпреварот број 4 од финалето на Западната конференција го совладаа Сан Антонио на негов терен со 129:115 и со максимални 4-0 го елиминираа ривалот.
Стеф Кари со 36 и Кевин Дурант со 29 поени беа предводници во триумфот на Голден Стејт.
Најефикасен во поразениот тим беше Кајл Андресон со 20 поени.
Голден Стејт до финалето стигна со скор од 12-0 во победи во плеј офот. Во претходните фази со по 4-0 ги елиминира Јута и Портланд.
Вечерва се игра натпреварот број 4 од финалето на Исток. Кливленд е домаќин против Бостон и води со 2-1 во победи.