Трета титула европски шампион за ракометарките на Ѓер

Екипата на Ѓер трет пат по ред ја освои Лигата на шампионите. Унгарскиот тим вечерва во финалето го победи Ростов со 25:24, полувреме 15:11.

Поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, Едуарда Талеска Аморим со седум и Анита Горбич со шест погодоци беа најефикасни во победничката екипа.

Кај руската екипа се истакна Луис Абинг со седум гола.

Во дуелот за третото место на завршниот „Фајнал фор“ турнир што викендов се играше во Будимпешта, шведски Кристијанштад го победи француски Мец со 31:30.

Би можело да ве интересира

Македонските тимови ги добија противниците во ЕХФ купот во женска конкуренција

Ана Ололовска

ВИДЕО: Карачиќ до Стоилов е асистенцијата на годината во ЛШ

Ана Ололовска

Извлечени групите за овогодинешното издание на женската ракометна ЛШ

Вардар од првиот барабан ги чека ривалите за Лигата на шампионите

Од денес можност за фотографирање со пехарот од ракометната ЛШ

Ана Ололовска

Вардар директно во групите за Лигата на шампионите