Трета победа за Рикардо во кариерата

Од:

Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо победи на денешната трка за Големата награда на Белгија. Ова за него беше вкупно трета победа во кариерата, втора во низа, а ја возеше својата 12. трка во шампионатот на Формула 1. Тој ги искористи сите грешки на возачите, кои на стартот од трката беа пред него и сосема заслужено стигна до највисокото место на подиумот.

Второто место го освои водечкиот во генералниот пласман Нико Розберг од Мерцедес, додека како трет целната линија ја мина Валтери Ботас од Вилијамс. Кими Раиконен од Ферари беше четвртопласиран, а зад него остнаа: Себастијан Фетел (Ред Бул), Кевин Магнусен (Мекларен), Џенсон Батон (Мекларен), Фернандо Алонсо (Ферари), Серхио Перез (Форс Индија) и Данил Квајт (Торо Росо).

Луис Хамилтон на шест кругови до крајот мораше да ја заврши трката предвреме.

Во генералниот пласман Розберг ја зголеми предноста и сега има 220 бодови, Хамилтон остана втор со 191, Рикардо има 156, Алонсо 119, а Ботас 110.

Следната трка се вози на 7.септември за Големата награда на Италија на патеката Монца.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес