Ракометарите на Металург ја постигнаа и третата победа во Плеј офот од Супер лигата откако вечерва во рамките на 4. коло во салата „Автокоманда“ го совладаа градскиот ривал Работнички со 32:25. Со овој триумф Металург се изедначи со Макс Струмица на врвот на табелата со максимален учинок.
Металург има и еден одложен дуел, натпреварот со Вардар од 3. коло од Плеј офот.
Од 4. то коло во сабота од 14:30 часот ќе играат Прилеп и Охрид, додека дуелот меѓу Макс Струмица и Вардар е одложен поради настапот на Вардар во Лигата на шампионите со Веспрем.
Табела: Металург 9 бодови, Макс Струмица 9, Вардар 6, Прилеп 3, Работнички 0, Охрид 0.