Трета победа за македонските шахисти на Олимпијадата во Норвешка

Од:

Македонската шаховска репрезентација ја забележа третата победа на шаховската Олимпијада во норвешкиот град Тромзо. Македонија во 4.коло ја совлада Албанија со 2,5:1,5.

Победата за нашите шахисти беше извојувана на третата и четвртата табла од страна на Никола Митков и Влатко Богдановски кои беа подобри од своите противници Франц Ашику, односно Илир Шеитај. Трајче Недев ремизираше со Ералд Дервиши на првата табла, а Филип Панчевски на втората табла загуби од Дритон Мехмети.

По четири кола Македонија е на 43.место со шест бодови исто колку што имаат репрезентациите од 18 до 44.место.

Во водство со осум бодови се репрезентациите на Азербејџан, Бугарија и на Србија.

Денеска во рамките на 5.коло, македонските шахистите играат против Хрватска.

На женскиот дел од турнирот Македонија загуби од Летонија со 3:1.

Дамите по четири кола со три бода се на 91.место во конкуренција на 134 селекции кои учествуваат на женскиот турнир. Во 5.коло играат против Јапонија.

Би можело да ве интересира

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ

Полски шахист одби да се ракува со рускиот велемајстор, кој е жесток поддржувач на Владимир Путин

Предраг Петровиќ

Арсовска игра шах со Дедо Мраз додека ги чека резултатите од истрагата на Финансиска за украсувањето

Орце Костов

ШК Алкалоид загуби минимално од репрезентацијата на Италија

Шаховското дерби на Алкалоид и САД со многу заплети до нерешен резултат