Возачот на Мерцедес Британецот Луис Хамилтон ја постигна петтата победа оваа сезона или вкупно 38.ма во кариерата освојувајќи го првото место на трката за Големата награда на Велика Британија. Со овој триумф Британецот по третпат победи на „домашен терен“ и е прв возач по Дејвид Култхард со последователни победи на патеката Силверстоун.
Второто место му припадна на Нико Розберг (Мерцедес), а трет на целта стигна Себастијан Фетел од Ферари.
Трката донесе возбудувања, особено што на последните 15 круга беше присутен и дождот. Фелипе Маса и Валтери Ботас имаа добри позиции по добриот старт, но не успеаја да ги задржат. Најпрвин ги мина Хамилтон, а потоа поради лошата проценка со гумите беа минати и од Розберг и од Фетел.
Маса и Ботас останаа без место на подиумот и се пласираа на четвртото и петото место. Данил Квајт од Ред Бил заврши на шестото место. Нико Хулкенберг, Кими Раиконен, Серхио Перез и Фернандо Алонсо ја комплетираа „десетката“ возачи кои освоија поени.
Во генералниот пласман води Хамилтон со 194 бодови, пред Розберг со 177, а Фетел има 135. Кај конструкторите Мерцедес има 371, а следи ферари со 211.
Следната трка се вози на 26.јули на патеката Хунгароринг за Големата Награда на Унгарија.