Трет пораз во низа за Лос Анџелес Клиперс

Од:

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс влегоа во негативна серија на резултати откако на гостувањата го претрпеа и тертиот пораз по ред.

Причината за поразот на ноќешниот натпревар против Вашингтон може да се бара и во тоа што тренерот Вини Дел Негро настапи без двајцата „Ол старс“ играчи Крис Пол и Блејк Грифин.

Најдобар играч кај победникот беше Мартел Вебстер со 21 поен, а реализираше пет „тројки“ од шест обиди.

Преглед на резултатите на ноќеска одиграните дуели во НБА лигата: Индијана – Чикаго 111:101, Филаделфија – Орландо 78:61, Вашингтон – Лос Анџелес Клиперс 98:90, Њујорк – Детроит 99:85, Мајами – Шарлот 99:94, Оклахома Сити – Далас 112:91, Минесота – Портланд 98:100 и Јута – Сакраменто 98:91 (продолжение).

Вечерва се играат натпреварите: Индијана – Атланта, Бруклин – Лос Анџелес Лејкерс, Мемфис – Феникс, Хјустон – Голден Стејт и Денвер – Милвоки.

Пласман Источна конференција: Мајами 31-14 (победи-порази), Њујорк 31-15, Индијана 29-19, Чикаго 29-19, Бруклин 28-19,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 38-11, Оклахома Сити 36-12, Л.А.Клиперс 34-16, Мемфис 30-16, Голден Стејт 30-17,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ