Тренинзите на најдобрите македонски каратисти достапни на „you tube“ каналот на КФМ

Од:

Најуспешните македонски каратисти, дел од нив освојувачи на европски и светски медали, преку „you tube“ каналот на Карате федерацијата на Македонија, презентираа дел од своите вештини во услови на изолација, спроведуваа модифицирани тренинзи, во спалните и дневните соби, во дворовите, во затворен или отворен простор, секој според можностите, согласно препораките на надлежните институции.

Придобивки од овие активности на КФМ се одржување на спортистите во солидна подготовка; порака до целото население дека секој може да одвои време и простор и да вежба во домашни услови; позитивно влијание на духот кај сите кои ги практикуваат вежбите и кај останатите.

-На овој начин испраќаме порака како здрав спорт, кој е склоп на ментални и физички вежби за јакнење на телото и духот на секој кој го практикува, а сето тоа влијае и на расположението, а пред се на здравјето на сите. Деновиве ќе продолжиме и со помладите спортисти, како и дел од поискусните, кои се активни во услови на изолација, соопштија од КФМ.

Ваквите активности, во услови кога нема натпревари, КФМ ги презентира минатата недела на видео-конференцијата со претседателот Светската карате федерација (WKF), Антонио Еспинос. Оваа идеја се спроведува во некои земји на регионално ниво, па и пошироко.

Би можело да ве интересира

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронзен медал на Балканското првенство во Будва

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска