Тренерот на Партизан понудил оставка по елиминацијата од Шериф Тираспол

Од:

Српскиот клуб Партизан останува без тренерот Гордан Петриќ кој доставил оставка до раководството на клубот откако неговиот тим вчера беше елиминиран од Шерид Тираспол во Конференциската лига на УЕФА. „Црно-белите“ беа елиминирани откако во Белград загубија со 1:3, иако претходно славеа во Молдавија со 0:1.

Гордан Петриќ понудил оставка и најавил дека сака веднаш да го напушти тимот, со оглед дека ги известил играчите за својата намера, но подоцна по разговорот со луѓе од клубот наводно се договориле да остане на клупата на Партизан до мартовската првенствена пауза, за да има време клубот да ангажира нов тренер.

Како дополнителна причина за својата одлука Гордан Петриќ го навел „влошувањето на неговата здравствена состојба поради постојаниот стрес на кој бил изложен претходните месеци“.

Тоа би требало да значи дека Гордан Петриќ сепак ќе ги води „црно-белите“ в недела против Раднички Крагуевац, но и на „вечното дерби“ против Црвена Звезда.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

ВИДЕО: Украинците одбија да се ракуваат со Партизан

Фудбалерите на Динамо Киев нема да се ракуваат со играчите на Партизан

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи