Трајковски: Ова е тоа за кое сите сме сонувале – Македонија да оди на Светско првенство

Од:

Адреалинот расте, се ближи почетокот на историскиот меч. Фудбалската репрезентација на Македонија за првпат во историјата има можност да обезбеди пласман на Светско првенство. На еден меч, на 90 минути од отворање на една нова ера, да се најде на мундијал. По учеството на Европското првенство, да биде дел и од Светско првенство.

Пред пет дена момците на Благоја Милевски направија огромна сензација, го елиминираа европскиот првак Италија. Стрелец на голот за триумф од 0:1 беше Александар Трајковски во 93.минута од дуелот во Палермо.

Сега македонските фудбалери во Порто се исправени пред уште поголем предизвик, дуел против Кристијано Роналдо и соиграчите, но и 50.000 Португалци на стадионот „Драгао“. Ќе биде жестока борба, а Македонија ќе се бори до последен атом од силите. Тоа го најавува токму Александар Трајковски.

„Ова е тоа за кое сите сме сонувале. Македонија да оствари пласман на Светско првенство. Некогаш делуваше незамисливо, а сега не очекува дуел со Португалија, и ако победиме – ете не на мундијал. Поголем мотив нема. Подготвени сме, можеме да ветиме дека ќе бориме до последниот атом од силите за да го исполниме сонот на сите Македонци. Португалија е силна репрезентација, заслужува респект, но ова е финале, а тоа се игра за да се победи. Да го направиме тоа“, вели Александар Трајковски.

Билетите за вечерашниот натпревар (20.45 часот) на стадионот „Драгао“ во Порто одамна се распродадени. На триините ќе има речиси 50.000 Португалци, но и околу 2.000 македонски фанови кои допатуваа од нашата земја, но и од цела Европа, да ја бодрат фудбалската репрезентација во обидот да направи уште едно фудбалско чудо.

 

Топспорт во Порто,

Никола Ѓуровски

Би можело да ве интересира

ФФМ за срамниот потег во Тетово: За вакви нелуѓе нема место во фудбалот

А1он

(ВИДЕО) Срамни сцени на фудбалски натпревар во Тетово – „навивачите“ на Шкендија без почит за 59 жртви во Кочани

А1он

Леонид Јандреоски нов генерален секретар на ФФМ

А1он

ФФМ ги одложи денешните натпревари во сите конкуренции поради трагедијата во Кочани

А1он

Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

Предраг Петровиќ

Новоматик Македонија – нов спонзор на Фудбалската Федерација на Македонија