Клемен Ленгле, како што се очекуваше, се приклучи на Тотенхем како позајмен фудбалер од Барселона, со што стана последното од низата летни засилувања за тимот на Антонио Конте.
Ленгле има договор со Барса до 2026 година, но под тренерот Чави Ернандез не доби многу шанси, и од клубот му беше порачано дека мора да си бара нов клуб. Тотенхем ќе покрива голем дел од платата на Ленгле (80 отсто), но нема обврска да го купи фудбалерот по крајот на сезоната 2022/23.
За Барселона ова е бонус, бидејќи се ослободува дел од парите за финансирање на новите засилувања, откако се шпекулира дека мора да најдат 600 милиони евра пред да можат да ги регистрираат новите фудбалери. Роберт Левандовски, Рафиња, Жил Куне и Калиду Кулибали се дел од летните „желби“ н „Ноу Камп“. Тие веќе продадоа дел од ТВ-правата во следните 25 години на американската компанија „Сикст стрит“, за што добија 267 милиони евра.
Ленгле, пак, е петто засилување за Тотенхем ова лето по голманот Фрејзер Форстер, Ив Бисума од Брајтон, Иван Перишиќ од Интер и Ришарлисон од Евертон.
Извор: Топспорт