Торонто казнет со 25 илјади долари поради одморање на здрави играчи

Од:

Торонто е казнет со 25.000 долари од страна на НБА-лигата поради непочитување на правилата на лигата за регулирање на одмор на играчи.

Репторс решија да ги одморат Кајл Лаури, Паскал Сијакам и О Џи Ануноби во победата против Орландо во петокот, и покрај фактот дека сите тројца играчи беа здрави.

Поради пандемијата на коронавирус, лигата им дозволува на играчите ветерани да пропуштат еден од два натпревари доколку тимот одигра два натпревари за два дена, особено во натпреварите што не се емитуваат на националната телевизија.

Сепак, Репторс немаа настап од средата, па на тројцата играчи не им следуваше одмор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ